Конзумирање на Алое Вера – Алое Вера како храна
Дали знаете дека можете да го конзумирате свежиот гел од Алое Вера листовите во смуди, салати и/или да го пиете во моктели и други природни и здрави пијалоци?
Зајакнување на имунолошкиот систем
Дали знаете дека Алое Вера природно го зајакнува имунитетот? Што го прави Алоето толку ефикасно?
Има повеќе од 200 активни супстанции кои го стимулираат формирањето и активноста на имуните клетки, како што се лимфоцитите и макрофагите.
Алое Вера го зајакнува Вашето имунитет благодарение на коктелот од витамини, минерали и антиоксиданси. Содржи витамини А (бета-каротен), Ц и Е, кои се антиоксиданти, а тие ги неутрализираат слободните радикали во телото. Содржи и витамин Б12, фолна киселина и холин. Обезбедува калциум, хром, бакар, селен, магнезиум, манган, калиум, натриум и цинк.
Алое Вера во себе го содржи и моќниот стимуланс на имунолошкиот систем – аловероза. Аловероза или ацеманан е најкорисен полисахарид за дигестивниот систем.
Заштита и подобрување на дигестивниот систем
Алое Вера помага во подобрување и заздравување на дигестивниот систем, ја ублажува болката и воспалението и ги регенерира ткивата. Има моќен ефект, ја елиминира киселоста и ја ублажува непријатноста по обилните оброци. Го намалува воспалението во погодената област и помага во заздравување за да се надмине овој тип на непријатност. Повеќето заболувања се поврзани со воспаление и чиреви.
Алое Вера исто така е докажано како моќен клеточен регенератор и ефикасено антиинфламаторно средство. Поради оваа причина, Алое Вера е одличен природен лек за луѓето кои страдаат од гастрични заболувања како што се чир, Кронова болест, гастритис, синдром на нервозно дебело црево, хемороиди и колитис.
Ја подобрува циркулацијата
Алое Вера содржи бета-ситостерол, познат ангиоген чија функција е да ја прошири новата мрежа на мали вени за да допре до сите делови на телото и на тој начин да ја подобри циркулацијата.
Супер антиоксидант
Aloe Barbadensis Miller е единственото растение во светот кое содржи аловероза, една од најмоќните антиоксидантни супстанции. Антиоксидансите ни помагаат да се бориме против предвременото стареење предизвикано од сонцето или возраста.
Аловероза или ацеманан е најкорисен полисахарид за дигестивниот систем. Колку е поголема содржината на аловероза во сокот од Aлое Вера толку помоќни се и состојките што ги содржи Алое Вера и поголема е нивната ефикасност.
Концентрацијата во ACEMANANS го гарантира квалитетот на финалниот производ, a La Vendita Aлое Вера cоковите содржат 15 пати над минимумот.
Ацеманан екстрахиран од листовите на Aloe Vera barbadensis има антивирусни, антинеопластични и корисни својства при некои гастроинтестинални нарушувања. Докажано е дека ацеманан има имуностимулативни својства (TNF), стимулирајќи го производството на интерферон.
Но, не само тоа, докажано е дека исхраната богата со антиоксиданси може да помогне во спречување на рак, но исто така може да спречи кардиоваскуларни болести или Алцхајмерова болест.
Намалување на ЛДЛ холестерол
Во последните години е постигнат голем напредок во истражувањето на Алое Вера како третман за холестерол, особено во неговата способност да го намали нивото на ЛДЛ холестеролот (липопротеини со мала густина) и ТГ (триацилглицериди).
Се покажа и како ефикасен не само во намалувањето на ЛДЛ, туку има способност и да го замени со HDL (т.н. добар холестерол).
Алое Вера дејствува како „чистач“, ослободувајќи ги ѕидовите на крвните садови благодарение на растителните стероли, германиум, аловероза, витамини, амино киселини и ензими.
Губење на тежина и дијабетес
Придобивките од Алое Вера се многубројни и секој да може да ги искористи благодарение на Алое Вера соковите и пијалоци за детоксикација.
Една од придобивките која ни помага да изгубиме тежина е моќта на Алое Вера да го забрза нашиот метаболизам. Според студиите на Healthline, забрзувањето на метаболизмот исто така ја зголемува дневната количина на калории согорени во нашето телото.
Едно истражување покажало дека луѓе кои пиеле 100 мл сок од Алое Вера осум недели ги намалиле мастите и нивната тежината на телото. Покрај тоа, 79% ја подобриле способноста на телото да го користи хормонот инсулин. Со подобрување на контролата на шеќерот во крвта, може да се избегнат подеми и падови кои предизвикуваат зголемен глад.
Превенција против стареење
Што и прави Алое Вера на нашата кожа што ја прави да изгледа млада и блескава?
Алое Вера е одличен клеточен регенератор, кој делува така што го поттикнува создавањето на клетки кои и даваат облик и конзистентност на кожата, стимулирајќи ја синтезата на еластин и колаген и на тој начин ја компензираат нивната загуба што доаѓа со текот на возраста.
Исто така Алое Вера е моќен активатор на имунолошкиот систем, кој ја штити нашата кожа од бактерии (акни) и други патогени.
Алое Вера е одличен детоксификатор и го храни нашето тело со витамини, минерали, амино киселини и ензими.
Хидрирање на кожата
Алое Вера содржи десет есенцијални минерали за нега на Вашата кожа (не само за изгорената кожа). Овие минерали вклучуваат калциум, бакар, магнезиум, калиум, натриум, хром, железо, манган, фосфор и цинк. Тие ја прават Вашата кожа посјајна а, тоа ја прави Алое Вера неопходна во секојдневна грижа за нега на Вашата кожа.
Заштита од УВ зрачење
Алое Вера помага и во заштитата на кожата од оштетување на терапијата со зрачење. Учесниците кои нанесувале хидратантни креми кои содржат Алое Вера пријавиле помалку несакани ефекти на кожата по направените третмани со терапија со зрачење за рак на дојка.
Изгорениците од сонце може да ги лекувате со гелот од свежите листови Алое Вера за да го олесните и намалите воспалението поради природни антиинфламаторни својства на Алое Вера. Биоактивните компоненти го поддржуваат метаболизмот на јаглени хидрати и липиди, забрзувајќи ја регенерацијата на оштетената кожа.
Антисептички ефект
Сите кои имаат мрсна кожа имаат поголема веројатност да се борат со акните во одреден момент од својот живот. Гелот од Алое Вера освен што ги чисти порите има и траен ефект кој го забавува таложењето на бактерии а со тоа го одржува Вашето лице чисто подолго време. Поради својата антибактериска природа гелот Алое Вера успешно се бори и со мозолчињата а ја минимизира и појавата на флеки на Вашата кожа.